Екипата на Младост Богданци активно се подготвува за најважниот дел од натпреварувачката сезона.
Поранешниот суперлигаш во пријателски натпревар славеше над Радовиш со три гола разлика, 34:31.
Овој пријателски натпревар беше од хуманитарен карактер, а средствата од влезниците и донациите кои беа собрани ќе бидат донирани за помош при лекувањето на малиот Кристијан.
Шанса кај двата тимови имаа сите ракометари од клупата, па така резултатот беше во втор план.
Младост Богданци обезбеди пласман во прволигашкиот плеј-оф, додека Радовиш ќе има задача да обезбеди опстанок во суперлигашкото друштво.