Ракометарите на Младост Богданци по убедливиот триумф во Гостивар, славеше и вторпат во серија, овојпат над Текстилец со убедливи 36-19.
Во натпреварот од 22 коло, победата беше најавена уште по првиот дел кога избраниците на Горан Андоновски водеа со 16-9.
Второто полувреме беше само формалност и немаше никакви возбудувања ниту дилеми околу победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ со по седум гола, а во штипскиот тим по четири гола дадоа Милисав Петров и Јован Величков со по четири погодоци.
На врвот на табелата во Првата лига се „витамините“ од Автокоманда и Младост Богданци со по 38 бодови.























