Богданци го виде и поздрави Вардар – „црвено-црните“ рутински до победа

Вардар иако беше изразит фаворит, ги „испочитува“ домаќините и дојде со речиси најсилниот состав. И очекувано победија, 44-34 (25-14). Наместо во Скопје, мечот во согласност на двете екипи се одигра во Богданци. Можност богданчани да се присетат на времињата пред 15-тина и повеќе години кога Вардар доаѓаше во нивниот град.

Овојпат само уживаа во играта на актуелниот шампион, и аплаудираа на 44 гола и мајсториите на „црвено-црните“. За бодови ќе треба да чекаат некоја друга шанса и друг натпревар.

Дилеми имаше само со колкава предност и победа гостите ќе се вратат дома, бидејќи Младост немаше квалитет да парира. Уште по првите 30 минути скопјани имаа двоцифрена предност, 25-14.

Иако во Богданци во составот ги немаше Лазаревски, Педро, Бомаштар, Воркапиќ, Кеита, Стојановски и оние што беа на паркетот беа пресилни за Младост.

Своите минути ги имаа и младите Бобан Поповски, Марко Ѓорчевски и Николче Нечовски, кои во второто полувреме добија добра минутажа.

На крај остана двоцифрената предност од 11 гола, иако во текот на второто полувреме домашните намалија и под десет гола. Сепак Вардар е пресилен за Младост.

Матео Фадуил со 13 гола беше најефикасен на средната и кај Вардар, а Љевар даде 8 гола за Вардар. Кај домаќините Тодор Узунчев постигна 8 гола, а Владимир Бојаниќ 7 гола.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.