Младост Богданци со победнички старт во прволигашката конкуренција

Екипата на Младост Богданци, кој е еден од кандидатите за пласман во прволигашкиот плеј-оф, во првото коло од славеше над Текстилец со 32:26.

Домашниот тим одигра одлично во првото полувреме, кое го доби со 16:9. Гостите од Штип се обидуваа на разни начини да го направат натпреварот понеизвесен, но заостануваа на голема негатива.

Ниту вториот дел не донесе поголема промена на резултатот. Ракометарите на Младост Богданци продолжија во ист стил, лесно ги казнуваа грешките на гостите и со победа ја започнаа новата сезона.

Најефикасен во победничката екипа беше Ѓорѓе Ѓуриќ со шест погодоци, по пет реализации имаа Ѓорѓе Атанасов, Стамен Гогов и Душан Каркалашев.

Во поразениот табор најрасположен беше повратникот Дарио Јорданов со осум погодоци.