Македонија ќе биде домаќин на Светското првенство за младинки летово, а токму тоа е главен фокус на организаторот на играта на селекцијата и среден бек на ЖРК Ѓорче Петров, Марија Јанкуловска.
Тоа е последно големо натпреварување за нејзината генерација која го освои ЕХФ Шампионатот во Литванија во 2021 година и го насочи вниманието кон младинскиот женски ракомет. Сега како домаќини на Мундијалот, се надеваат дека ќе го најават нивниот влез во сениорска конкуренција со голем успех.
„Имаме група која сами си ја одбравме и го чекаме првенството со големи амбиции. Оваа генерација го освои Шампионатот во Литванија и со тоа си отвори пат и на себе, но и на оние кои доаѓаат по нас, па поради тоа сакаме од младинката конкуренција да се одјавиме најдобро што можеме. Имаме желби и цели да стигнеме далеку. Горди сме на сето она што го направивме досега, имаме убава атмосфера во селекцијата и се надевам дека со поддршка на домашната публика ќе славиме успех. За почеток фокусот ќе ни биде да ја поминеме групата, а потоа чекор по чекор“, вели средниот бек.
За репрезентацијата, клупските активности и амбиции, како и ракометната приказна на Марија, која ја пишува заедно со постарата сестра Ангела, прочитајте подолу во викенд интервјуто со 24Ракомет…
ИНТЕРВЈУ АНГЕЛА И МАРИЈА ЈАНКУЛОВСКИ: Потекнуваме од Битола, ракометот ни е во душата!