Младинците во финална фаза на подготовките за ЕП, следуваат две средби со Словачка

По двете победи над селекцијата на Грција, машката младинска репрезентација на Македонија денеска се собира одново во Скопје.

По два дена тренинзи, националниот тим заминува за Словачка, каде што ќе бидат одиграни две пријателски средби со учесникот на ЕХФ шампионатот.

Словачките младинци исто како и македонските, одиграа две пријателски средби против Украина и ги добија.

Натпреварите против Словачка ќе се играат на 5 и 6 јули, по што македонската експедиција ќе замине за Целје.

Таму од 10 до 21 јули ќе се игра Европското првенство, а Македонија е во група со Хрватска, Австрија и Црна Гора.