Младинци: Драматични завршници во Богданци и Скопје, Охрид со цел плен се враќа од Битола

Утре ќе се комплетира 9. коло од младинската лига во машка конкуренција, во кое имаше два натпревари кои завршија реми.

Шампионот Голден Арт одигра нерешено на жешкиот терен во Богданци кај тимот на Младост, 26-26. Иако домашните водеа и со пет гола, гостите покажаа карактер и успеаја да се изборат за голем бод. Најефикасен кај Младост Богданци беше Душан Каркалашев со 11 гола, додека кај Голден Арт најефикасен беше Кристијан Стаменковиќ со осум гола.

Нерешено беше и на средбата меѓу Пролет и Бутел Скопје, која заврши со 35-35, иако и двете екипи имаа шанси да победат. Најдобар стрелец кај екипата на Пролет беше Андреј Стојановски со 13 погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најдобар стрелец беше Петар Цветковски со 12 погодоци.

Мулти Есенс ја продолжи победничката серија и против Овче Поле, откако славеше со 40-30. Најефикасен во тимот на Мулти Есенс беше Валентин Карасманакис со девет гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Петар Начев со 11 гола.

Алкалоид забележа висока победа против Прилеп со конечни 40-23. Најефикасни кај Алкалоид беа Теодор Пецаноски и Виктор Панчевски со по седум гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Филип Адамчески со девет гола.

Охрид забележа сигурна победа во Битола, кај екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 34-23. Предводник во составот на Охрид беше Кристијан Кочоски со седум гола, додека кај Еурофарм Пелистер предводник беше Петар Влајчевски со шест гола.

Младинци, 9. коло, резултати:

Мулти Есенс – Овче Поле 40-30
Пролет – Бутел Скопје 35-35
Младост Богданци – Голден Арт 26-26
Еурофарм Пелистер – Охрид 23-34
Алкалоид – Прилеп 40-23
29/11, 19:15, Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Вардар слоб.