Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, добија нова задача од европската куќа на ракометот.
Битолчани ќе го судат реванш натпреварот од осминафиналето во елитното натпреварување, дерби во оваа фаза, меѓу францускиот Нант и полската Висла Плоцк.
На првиот меч во Плоцк по голема борба славеше полскиот шампион со 28-25.
Натпреварот меѓу Нант и Висла Плоцк е закажан во „ХХЛ Арена“ за денеска со почеток во 20:45 часот.