Довчерашниот суперлигаш, тимот на Вардар Неготино, во рамки од 1. коло од Првата лига пред својата публика триумфираше над Текстилец со 34:31 (16:12).
Домашниот тим на крилата на Мирослав Митевски и Костадин Петров ги обезбеди посакуваните два бода, а тимот од Штип може да жали за пропуштените шанси кои што ги имаше за камбек во вториот дел.
Мирослав Митевски во гостинската мрежа постигна 15 погодоци, девет додаде неговиот соиграч Костадин Петров. Двајцата ракометари беа „алфа и омега“, освен што погодуваа, асистираа, па така заслугата за победничкиот старт оди на нивно име.
Кај Текстилец најрасположени за игра беа Филип Џинис и Филип Савев, двајцата постигнаа по шест погодоци.
Вардар Неготино во следното, 2. коло од групата Б ќе гостува кај Скопје, додека Текстилец на свој терен ќе ја пречека Преспа Вардар.