Една од најталентираните ракометарки во Македонија, Леона Миленкоска, веќе трета година е дел од „црвено-црните“. Зад себе има и репрезентативно искуство во младинските категории, односно настап на кадетското Европско Првенство во Црна Гора мината година и на младинското Светско првенство кое годинава се играше во Скопје.
Минатата сезона, успеа со кадетките и младинките да стане шампион на Македонија и да заврши како најдобар стрелец во кадетската екипа на Вардар. Со првиот тим се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, каде во полуфиналниот натпревар против екипата на Чаир, беше еден од најдобрите стрелци во својот тим.
Големиот потенцијал во интервју за клупската страна на Вардар зборуваше за нејзините почетоци во ракометот, трансферот во Вардар, настапот во младинските категории…како и за нејзинита најголема желба во кариерата.
,,Како млад спортист постојано се трудам да напредувам и да се надминувам. Имам амбиции на клупско ниво еден ден да играм во Лигата на Шампионите и да бидам дел од сениорската репрезентација на Македонија. Со напорна работа и поддршка од тимот со кој настапувам верувам дека ќе успеам”, вели Миленкоска.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.