Металург Автокоманда рутински го совлада Скопје

Ракометарките на Металург Автокоманда во натпревар од 18. коло во Женската лига очекувано славеа против младиот тим на Скопје.

Избраничките на Јулијана Дамчевска на денешниот одигран дуел триумфираа со 38:29 (18:14) и го презедоа второто место на табелата.

Скопје пружи силен отпор во првите дваесетина минути, но понатаму работите започнаа да се движат во посакуваната насока на гостинскиот табор.

Незапирлива на теренот беше членката на Металург Автокоманда, Михаела Кралева, која зад своето име запиша десет погодоци.

Кај Скопје се истакна Стефани Ристиќ со седум погодоци, по шест запишаа Нина Неделковска, Јана Равојска и Росана Павлова.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080