Металург Автокоманда покажа моќ – му даде 52 гола на Астибо

Тимот на Металург Автокоманда славеше седма победа во 9 рунда од натпреварите во Женската лига, откако на домашен терен беше подобар од Астибо со 52-26.

Штипјанки парираа во првите десетина минути кога беше 4-3, а потоа нивната серија грешки беше казнета со лесни голови на домаќинките за 11-3 и тука беше јасно каков натпревар ќе се гледа до крај.

До паузата предноста на избраничките на Јулијана Дамчевска ја задржаа разликата, 23-12, а во вториот дел во која шанса добија сите ракометарки, немаше многу возбудувања.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Сара Миновска со 13 и Мила Трајковиќ со девет, како и средниот бек Исидора Котевски со седум погодоци.

Во штипскиот состав стандардно најдобра беше Марија Анчева со 12 гола, а седум додаде Анита Атанасова.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080