Металург Автокоманда на шопинг кај шампионот – донесе нова голманка

Tимот на Металург Автокоманда е активен на трансфер пазарот и полека го формира ростерот за следната натпреварувачка сезона.

Следна на списокот засилувања и кадетската и младинска репрезентативка на Македонија, Софи Гошевска.

Голманката последната сезона ја помина во тимот на Ѓорче Петров и освои двојна круна во Македонија.

Претходно Металург Автокоманда се засили со сестрите Бојана и Борјана Коцеви, Анастасија Величковска и Александра Коловска, а од тимот замина Мила Трајковиќ.

Соработките беа продолжени со Таида Беровиќ, Анастасија Трпеска и Сара Миновска.