Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона ќе биде дел од амбициозниот тим на Металург Автокоманда.
Младата ракометарка имаше одлични партии во Женската лига, па раководството на клубот реши да и понуда нова соработка.
Тимот од Автокоманда за следната сезона планира да создаде поконкурентен тим за шампионската титула.
Во составот предводен од Јулијана Дамчевска се врати Александра Коловска, а освен Беровиќ, соработката ја продолжи и левото крило Сара Миновска.
Пред извесен период клубот го официјализираше првото засилување за следната сезона. Пред портите на Металург Автокоманда се наоѓаат сестрите Бојана и Борјана Коцеви, кои се актуелни членки на Вардар.