Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во машкиот Европски Куп.
Судискиот пар Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат првиот натпревар од двомечот меѓу босанскиот Леотар и летонскиот Добеле што ќе се игра во Требиње на 14 октомври од 19:00 часот.
Уште една двојка од Македонија, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, ќе има задача во Европскиот Куп.
Тие ќе го судат првиот натпревар од двомечот меѓу турскиот Бејкоз и белгискиот Визе што ќе се игра во Истанбул на 15 октомври од 16:00 часот.
Покрај овие две двојки, активни на натпреварите од Европскиот Куп ќе бидат и Силвана Карбеска и Марија Илиева, како и Методија и Михајло Илиевски.