Македонки ќе им судат на машки екипи во Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од втората рунда во машкиот Европски Куп.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева, за првпат добија задача во машко европско натпреварување.

Карбеска и Илиева ќе го судат двомечот меѓу романскиот тим Минаур Баја Маре и украинската Одеса.

Првиот меч во салата „Ласкар Пана“ во Баја Маре ќе се одигра на 19 октомври од 17:00 часот, додека вториот дуел е на 21 октомври во истиот термин на истото место.

Македонките Карбеска и Илиева зад себе имаат многу натпревари во Лигата на шампионите, Ф4 во Лигата на Европа и финалето во Европскиот Куп.