Металари и Николовски ќе ги судат битките за титула во ОАЕ

Откако Николов и Начевски, Божиновски и Начевски, ќе ги судат решавачките средби за титулата во Саудиска Арабија, уште еден судиски пар од Македонија ќе има меѓународен предизвик во финишот на сезоната.

Станува збор за Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои по барање на Светската ракометна федерација ќе бидат делегирани на најважните натпревари од првенството на Обединетите Арапски Емирати.

Тамошната федерација побара од ИХФ судии што ќе можат да се носат со предизвикот, па Металари и Николовски ќе бидат во ОАЕ од 23 до 27 мај.

Тие оваа сезона добиваа дерби натпревари од женската Лига на шампионите, судеа натпревари и во машката Лига на Европа, како и репрезентативни натпревари под капата на ЕХФ, а минатото лето судеа на кадетскиот женски Мундијал во Кина.

Македонски судии ќе делат правда на најважните мечеви во С.Арабија