Металари и Начевски на евро-задачи

Камер Металари и Марјан Начевски претстојната недела ќе имаат обврски во Лигата на Европа во машка конкуренција.

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за претстојните натпревари од 5 рунда во второто по ранг клупско натпреварување.

Металари ќе биде делегат на мечот во Црна Гора, каде тамошниот првак Ловќен ќе игра против норвешкиот Елверум утре од 20:45 во Подгорица.

Начевски ќе биде делегат на натпреварот во Романија, каде Констанца од 18:45 ќе се сретне со унгарската Татабања.

Дел од екипите што обезбедија место во главната рунда се веќе познати, но македонскиот вицепрвак ќе го заврши натпреварување во оваа фаза.