Мелсунген на Парондо не го дава Мандиќ

Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, ги продолжи договорите со Давид Мандиќ и Флоријан Дростен.

Двајцата ракометари кои настапуваат на позицијата лево крило во Мелсунген ќе останат најмалку до 2026 година.

Мандиќ поради повреда го пропушти континенталниот собир во јануари, а исто така не настапи на Светското првенство 2023.

Хрватскиот репрезентативец во бундеслигашот пристигна во 2022 година и во дресот на Мелсунген досега има одиграно 51 натпревар и постигнато 87 погодоци.

19-годишниот Дростен постепено добива се поголема минутажа, во тековната сезона на 68 одиграни натпревари постигна 39 погодоци.

Мелсунген моментално е на 5. позиција во Бундес лигата, на свое конто има 31 бод, додека првопласираниот Фуксе Берлин има 39.