Марко Кизиќ беше нерешлива загатка за играчите на Голден Арт, па екипата на Еурофарм Пелистер лесно триумфираше во дуелот со скопјани, 39-16 (21-7). Голманот на битолчани во првото полувреме кога се реши и прашањето на победникот имаше 13 одбрани, речиси двојно повеќе од вкупниот број на голови на „гостите“.
Мечот се одигра во Скопје, иако требаше Еурофарм Пелистер да биде домаќин, со што почнаа натпреварите од 10. коло во машката супер лига.
Битолчани ги решија дилемите околу победникот уште во првите 30 минути кога направија двофицрена разлика најавувајќи го триумфот, но и високата предност. Остануваат лидери во Б групата, со три бода повеќе во однос на Вардар кој утре го игра својот меч од ова коло.
Кизиќ уште од самиот почеток на мечот најави дека е во одлична форма и расположен з аиграње. Кога со 6. минута одбрани две топки по ред нанижувајќи четири одбрани најави дека пелистерци се дојдени по трите бода. Веќе во 11 минута Голден Арт мораше да бара тајмаут кога имаше негатива од 3-7, но наместо да ја намали разликата, Кизиќ пак имаше две добри топки во рацете а Еурофарм Пелистер веќе водеше со 10-4.
Грешките што ги правеа „бело-црните“ вешто, брзо и прецизно ги користеа играчите на Еурофарм Пелистер па преку брзо контри ја зголемуваа предноста. Во 24 минута првпат предноста беше „плус 10“ за водство 15-5. Потоа само продолжи шоуто на одбрани на Кизиќ и лесните голови на Еурофарм Пелистер.
Второто полувреме Кизиќ продолжи каде што застана, Еурофарм Пелистер расположен за голови, а Голден Арт никако да најде начин како да ги намали грешките и да дојде до пристојна разлика.
Словенецот Нејц Цехте во 53 минута го постигна својот втор гол за највисoките „плус 20“ на средбата (35-15). Но битолчани беа немилосрдни па продлжија со давање голови па до крајот стигнаа до победа од 39-16.
Петар Атанасијевиќ со 8 гола и Емилијан Ѓорговски со 7 беа најпрецизни кај Еурофарм Пелистер, а Дејан Ѓошевски со 6 гола најдобра стрелц кај Голден Арт