Марин Вегар ja заврши играчката кариера на 34 години, но веднаш најде друга работа

Некогашниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, реши да ја заврши играчката кариера на 34 години.

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина веднаш ќе се најде во нова улога и ќе биде секретар во неговиот поранешен клуб Нексе Нашице.

Тој своевремено беше дел од Нексе, од 2013 до 2017 година, а потоа замина во романската Стеауа Букурешт.

Две сезони настапуваше во Битола, 2019-2021, а последните три од кариерата ги одигра во романската Констанца.