„Македонскиот“ Коњалти пред пласман на Ф4 во Купот на Турција

Екипата на Коњалти се наоѓа пред пласман на Ф4 турнирот од Купот на Турција, откако го доби првиот четвртфинален натпревар против Јенимахал.

Клубот на Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска обезбеди победа од 39:32 и на реваншот ќе влезе со предност од седум гола.

Реванш дуелот меѓу двете екипи ќе се одигра на 13 или 14 февруари, по што ќе биде познато дали Коњалти ќе игра на Ф4.

Минатата година Коњалти стигна до Ф4, избори место во финалето и настапот во Купот на Турција го заврши со сребрен медал.