“Македонскиот” Коњалти останува непоразен, сега има 16 од 16!

Екипата на Коњалти запиша нова победа во шампионатот на Турција, откако на свој терен триумфираше над Текирдаг со 38:23.

Ланскиот освојуваш на Европскиот Куп работата си ја заврши во првото полувреме, кое го доби со 21:11.

Двете интернационалки од Македонија, Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска одиграа на ниво во победничкиот тим.

Македонките во дадената минутажа на теренот двапати се запишаа во листата на стрелци и дадоа свој придонес и во играта во одбраната.

Коњалти по 16 одиграни кола останува лидер во турскиот шампионат, сега има 32 бодови, додека второпласираниот Кастамону 28.