Тимот на Цвикау, кој настапува во регионалните лиги на Германија, ова лето стана мала македонска колонија, бидејќи таму потпишаа тројцата битолчани – Дарио Петровски, Бобан Каковски и Стефан Талевски. Таму староседелец е македонскиот Грузиец Реваз Чантурија, кој доби познато друштво во Цвикау.
На четири натпревари досега, Цвикау има две реми и две победи, а Чантурија и тројцата битолчани го водат главниот збор на теренот. На првиот меч, Цвикау одигра реми кај Дрезден, 32-32. На овој дуел по осум гола дадоа Чантурија и Петровски, четири пати стрелаше Каковски, а три пати Талевски.
Во вториот натпревар Цвикау дома ремизираше со Германија Цвенкау, 28-28, а одново Петровски блескаше со 12 гола, Чантурија имаше седум, Талевски четири, додека Каковски погоди еднаш.
Првата победа беше остварена на гости кај Ламбах со 36-30. Тука искусниот македонски Грузиец Чантурија беше лидер со 11 гола, Талевски имаше десет погодоци, Петровски погоди пет пати, а Каковски три.
Вториот триумф на Цвикау беше минатиот викенд на домашен терен, и тоа убедлив против Веинбохла со 43-23. Десното крило имаше десет погодоци, додека Талевски и Петровски комбинираа 14 гола.
На табелата Цвикау е на делба на втората позиција со шест бода, но останува еден од главните фаворити за место ранг погоре.