Македонската репрезентативка Моника Килдан Јанеска сподели убава вест – таа пред неколку дена стана мајка.
Јанеска и нејзиниот сопруг Акиф Мехмет станаа горди родители на ќеркичка, која се роди во турскиот град Анталија.
Средниот бек на Македонија во моментов е на пауза од ракометните терени и ќе го пропушти настапот на Европското првенство во 2024 година.
Нејзиниот клуб, Анталија Коњалти, има неизвесна судбина и се наоѓа пред распад, па Јанеска сосема извесно ќе го има камбекот на ракометните терени во друга средина.