Прволигашот Македонија ЃП продолжува да се засилува пред стартот на вториот дел од сезоната.
Ново име во таборот на „лавовите“ е голманот Давид Стојкоски, кој заедно со Никола Таневски ќе го сочинуваат голманскиот тандем.
Екипата на Македонија ЃП претходно се засили со десното крило Лука Лешникоски и повратникот во тимот, бекот Лука Трифуновски.
Македонија ЃП веќе си има обезбедено пласман во плеј-оф фазата во прволигашкото друштво.
Натпреварите кај прволигашите ќе продолжат овој викенд, а Македонија ЃП ја очекува дуелот со Скопје од 14. коло.