Македонија ЃП со „два од два“ во прволигашкиот плеј-оф

Ракометарите на Македонија ЃП во 2. коло од плеј-оф фазата во Првата лига на гостувањето во Гостивар кај Јехона славеа со осум гола разлика, 32:24.

За Македонија ЃП ова беше втора победа, во првото коло беше подобра од Металург РА и со новите бода си ги одржува шансите за висок пласман на табелата.

Гостите победата ја најавија уште во првиот дел, кој го добија со 18:11, а домаќините во вторите 30 минути немаа решение како резултатски да се доближат, па така Македонија ЃП одработи според посакуваното за втора победа.

Најефикасен во победничкиот табор беше Бојан Божиновски со седум погодоци, пет постигна Мартин Бучуковски, а по четири реализации имаа Боби Неделковски и Михајло Костовски.

Прво име во Јехона беше Адис Салиу, кој воедно беше и најефикасен на натпреварот со десет погодоци.