Прволигашот Македонија ЃП во својот ростер донесе уште две засилување пред стартот на вториот дел од сезоната.
Нови имиња во тимот на „лавовите“ се Михајло Костовски и Бојан Чакалиќ, двајцата играчи имаат зад себе суперлигашко искуство.
Македонија ЃП претходно се засили со голманот Давид Стојкоски, десното крило Лука Лешникоски и повратникот во тимот, бекот Лука Трифуновски.
Натпреварите кај прволигашите ќе продолжат овој викенд, а Македонија ЃП ја очекува дуелот со Скопје од 14. коло.
Како што е познато, тимот на Македонија ЃП веќе има обезбедено пласман во прволигашкиот плеј-оф.