Македонецот слави на Кипар: Јовановски со Анортозис до трофеј во Супер Купот

Македонскиот голман Мартин Јовановски го освои трофејот во Супер Купот на Кипар со неговиот клуб Анортозис.

Тимот од Фамагуста славеше во натпреварот против Парнасос Строволу со 23-17, иако на полувремето ривалот водеше со 9-8.

Јовановски беше меѓу клучниот поединци на теренот, особено за пресвртот во второто полувреме и запиша вкупно 15 одбрани.

Македонскиот чувар на мрежата пред стартот на сезоната беше прогласен за МВП и најдобар голман на турнирот во организација на АЕК Атина.