Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски по две сезони на лето ќе си замине од шпанскиот Ваљадолид.
Клубот и Димитриевски преговараа за нова соработка, но веројатно нема да има договор и двете страни ќе си продолжат секој на своја страна.
Димитриевски игра одлично и оваа и минатата сезона, има повеќе понуди, па наскоро ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој потекнува од составот на Борец, а во Македонија играше за МРК Вардар, Куманово и Металург во два наврати.
На меѓународна сцена беше член на Катар Спорт, унгарскиот Чурго, израелскиот Хапоел Ашдод, германскиот Емсдетен, а во Асобал лигата играше за Сагунто, Адемар Леон и Синфин, а ова лето ќе комплетира шест сезони во Шпанија.