Во пресрет на вечерашниот дуел помеѓу домаќинот Германија и Македонија (20:30 часот) во Берлин, своја реакција имаше и македонската заедница во Германија, која се противи на честата употреба на придавката “северномакедонски“ во германските медиуми.
Поради тоа почесниот Македонски конзул во Диселдорф, Холгер Арндт и Гоце Перовски претседател на Integrationsrat Düsseldorf, испратија остар протест до германските медиуми и РТЛ телевизија која ги пренесува натпреварите на ЕХФ ЕУРО 2024. Во него се бара да правилна употреба на придавката „македонски“, правилно именување на нашиот јазик, нација и се друго поврзано со Македонија.
Mакедонската заедница во Германија бара од сите граѓани да го споделат ова барање, а воедно и лично да го праќаат на што повеќе медиуми во оваа земја со што ќе биде спречено срамното обраќање со терминот С…..о Македонци.