Тимовите на Јагодина и Партизан, каде што играат македонските интернационалци Сара Стефаноска и Бојан Маџовски, ќе се борат за трофеите во Купот на Србија.
Јагодина на Сара Стефаноска, обезбеди место во финалето, откако славеше во полуфиналната пресметка против Железничар Инџија со 34-22.
Триумфот беше најавен по првиот дел кога беше 16-9, тренерот Марков им даде шанса на оние со помала минутажа, а Стефаноска погоди еднаш.
Ривал во финалето на Јагодина и Стефаноска, ќе им биде Црвена Ѕвезда, која во полуфиналето ја елиминира Рума.
Во машкото финале, ќе играат Партизан и Војводина, откако ги минаа своите полуфинални пречки, Металопластика и Динамо Панчево.
Партизан на Маџовски имаше потешка задача, но на крајот успеа да слави против тимот од Шабац со 37-35, а 15 гола даде Никола Црноглавац.
Двете финалиња се на програмата на 26 април во Краљево.