Магдебург со моќно издание во дербито против Кил

Екипата на Магдебург ја задржа водечката позиција во Бундес лигата, откако во натпревар од 20. коло триумфираше над Кил со 33:26.

Магдебург во најголемиот дел од натпреварот имаше резултатска предност, додека тимот на Филип Јиха беше подобар само во воведните десет минути.

Одлична партија во актуелниот европски шампион имаше десното крило Тим Хорнке, кој натпреварот го заврши со девет постигнати погодоци.

Кај Кил најрасположени беа Никлас Екберг со седум и Ерик Јоханесон со шест погодоци.

Следен предизвик за Магдебург ќе биде дуелот против Мелсунген, кој исто така е во трка за шампионската титула.

Кил во 21. коло за ривал ќе го има Бергишер и ќе се обиде со победа да се загрее за дуелот против Келце во Лигата на шампионите.