Мае се враќа во Бундес лигата, ќе игра во Бергишер?

Според пишувањата на „Хендбол Планет“, репрезентативецот на Франција и актуелен член на Веспрем, Кентан Мае, ќе се врати во Бундес лигата.

Искусниот ракометар, кој од сезона 2018/19 настапува во унгарскиот гигант Веспрем, на лето ќе го облече дресот на Бергишер.

Новиот клуб на Мае во минатата сезона заврши на 12. позиција во најсилната лига на светот, додека во досегашниот тек од оваа сезона на 19 одиграни натпревари оствари само шест победи.

Пред неколку дена Веспрем објави дека Мае ќе го напушти клубот, иако имаше опција во договорот да остане и следната сезона.

Мае најголемиот дел во својата кариера ја мина токму во Бундес лигата, играше за Гумерзбах, Фленсбург, Хамбург…

Во сезона 2018/19 и 2021/22 беше избран за најдобар среден бек на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.