Мае потврди: На лето се враќам во Германија

Францускиот репрезентативец Кентан Мае во подкастот „Erste 7“, откри дека на лето се враќа во Германија.

Тој во моментов е член на унгарскиот гигант Веспрем, но Момир Илиќ ќе се од услугите на Мае.

„На лето се враќам во Бундес лигата. Со нетрпение го чекам моето враќање во Германија“, кажа Мае.

Тој е блиску до договор со тимот на Гумерсбах, кој е предводен од исландската легенда Гудјон Валур Сигурдсон.

Мае играше долги години во Бундес лигата во дресовите на Дормаген, Гумерсбах, Хамбург и Фленсбург.