Маџовска и Цвикау со голем успех – ќе се борат за Ф4 во Купот на Германија!

Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, оствари голем успех и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Германија.

Цвикау славеше на гостински терен кај составот на Фуксе Берлин со убедливи 30-23, иако на полувремето имаше само гол позитива, 14-13.

Маџовска постигна два гола на овој наптревар од германскиот Куп, а веќе познати се четири потенцијални ривал во следната фаза.

Цвикау за можни „пречки“ до најголемиот клупски успех, пласман на Ф4, би можел да игра со шампионот Лудвигсбург, Борусија Дортмунд, Бломберг и Мецинген, а на добар пат да обезбдат место во ТОП 8 се Турингер, Бенсхајм и Олденбург.