Mиркуловски: Кога ќе си замине Кире, Македонија тешко дека ќе се пласира на големите натпреварувања!

Еден од најдобрите средни бекови кои ги имала машката репрезентација на Македонија сигурно е Филип Миркуловски.

Членот на германскиот Вецлар веќе две години не игра за националниот тим и во интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека кога ќе си замине и Кире Лазаров, Македонија тешко ќе стигнува до големите натпреварувања.

„Слушам приказни за пласман на Европски и Светски првенства, но мислам дека кога Кире ќе замине, ќе биде многу тешко. Ќе биде екстремно тешко да продолжиме со континуитетот на големите натпреварувања. Нема кој да го замени него. Во наредните неколку години мора да се потпрeме на Талески и Кузмановски, но очекувам да биде многу тешко за нашата репрезентација“, вели Миркуловски.

Во баражот за Мундијалот во Египет, Македонија ја чека Франција, па ќе биде нереално да се надеваме на нов пласман на Мундијал.