Лука Степанчиќ се враќа во Унгарија – ќе го носи дресот на Ѓер!

Амбициозниот унгарски проект Ѓер објави дека е потпишан договор со хрватскиот десен бек Лука Степанчиќ.

Хрватот заминува од Висла Плоцк на крајот на оваа сезона и ќе се врати во Унгарија, каде веќе играше за ПИК Сегед.

Степанчиќ потпиша договор на две сезони и ќе остане најмалку две сезони во Ѓер, каде играаат Бомбач, Балог, Божовиќ…а на лето доаѓа и Кушан.

34-годишниот Степанчиќ низ кариерата играше за Загреб и ПСЖ, а извесен период мина и во Kатарскиот Ал Араби.