Ловќен крати буџет: По Борозан, замина и Бојан Маџовски

Црногорскиот првак Ловќен Цетиње го намалува буџетот во пресрет на пролетниот дел од сезоната, а по заминувањето на тренерот Перо Милошевиќ и првата ѕвезда Вуко Борозан, замина и македонскиот интернационалец Бојан Маџовски.

Според пишувањата на црногорска „Побједа“, покрај Маџовски од Ловќен заминаа уште тројца ракометари.

Станува збор за средниот бек Петар Ераковиќ кој се пресели во хрватскиот Метковиќ, потоа Славен Лекиќ и екс членот на Струга, Вук Лакичевиќ.

Маџовски, кој имаше голема минутажа во Ловќен и потпиша договор на 1+1 година со тимот од Цетиње, сепак заминува по само една полусезона.

Ловќен есента ги заврши европските настапи, а на домашна сцена нема конкуренција, па јасно е зошто се крати буџетот. Тимот од Цетиње има максимален биланс, девет победи на девет меча, а со оглед на лошата финансиска ситуација на најголемиот ривал Будванска Ривиера, нема кој да го загрози на патот кон титулата.