Лембанов: Можеби треба да се вклучи алармот – имавме контрола, а на крај стравувавме за бодовите

Екипата на Пролет останува меѓу трите првопласирани екипи во Б групата од Супер лигата по триумфот над Голден Арт од 25-23 (12-9). Во скопското дерби, гостите од наслебата Пролет имаа резултаска контрола, на моменти и со 6 гола.

И покрај победата, тренерот на Прoлет, Алексо Лембанов, не е задоволен од прикажаното на неговите избраници, кои можеа да направат од готово – вересија. Во клушните моменти сепак успеаја да реализираат и да ја извадат ситуацијата.

Стратегот на Пролет истакнува дека во дуелот со Голден Арт повеќе очекувал од поискусните ракометари.

,,Искрено, квалитетот беше на наша страна против екипата на Голден Арт, тоа се покажа и денеска. Голден Арт имаше некое водство, можеби едно на почетокот на натпреварот, ние имавме контрола, но и ние имавме некои слабости, на пример, имаме напад за седум гола разлика, влегуваме во некоја резултатска дупка. Очекував повеќе од поискусните играчи, да го изнесат натпреварот во последните 20 минути кога е тешко да се игра, за жал тоа денеска не беше така”, изјави Лембанов.

Тој победата над Голден Арт ја спореди со онаа против Прилеп, во второто коло, кога исто така во неизвесна завршница неговиот тим ги освои бодовите.

,,Втора победа на ист начин, после оној дуел со Прилеп, некој аларм треба да се активира кај нас, три бода се три бода, но сепак, од натпревар кој што целосно го контролираме се доведуваме во ситуација да стравуваме за трите бода”, заврши Лембанов.

Пролет го доби градското дерби со Голден Арт