Еден од најдобрите ракометари во светот, ветеранот Никола Карабатиќ, кој се уште игра на одличнo ниво, стана најдобриот стрелец во историјата на европските првенства.
Карабатиќ пред денешниот одигран дуел со Хрватска влезе со четири гола помалку во однос на довчерашниот рекордер Гудјон Валур Сигурдсон, но против „коцкестите“ постигна пет погодоци.
Левиот бек токму со тие пет погодоци успеа да го собори рекордот на Сигурдсон и стана најдобриот стрелец во историјата на континенталните собири со 289 погодоци, додека екс репрезентативецот на Исланд остана на гол помалку, односно 288.
Францускиот репрезентативец на Европското првенство во Германија на четири одиграни натпревари имаше 10 реализации од 18 обиди.
𝐋𝐄𝐆𝐄𝐍𝐃𝐀𝐑𝐘 🤩 With 𝟮𝟴𝟵 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 Nikola Karabatic has scored more than anyone ever in Men’s EHF EURO history 🔥
Is there anything left to say about him? 🤯#ehfeuro2024 #heretoplay @FRAHandball pic.twitter.com/JyC8eEtSPL
— EHF EURO (@EHFEURO) January 18, 2024