🎥Загреб го врати легендарниот Хорват

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Златко Хорват, во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на Загреб.

Десното крило и раководството на „плинарите“ имаа успешни преговори, па така искусниот ракометар повторно ќе го облече дресот на најтрофејниот хрватски клуб.

Во летото 2020 година Хорват го напушти Загреб и направи трансфер во некогашниот македонски суперлигаш Металург.

Во македонската елита играше до првиот дел од сезона 2021/22, потоа замина за Унгарија и потпиша за Дабас.

Искусниот Хорват на репрезентативно ниво со „коцкестите“ има освоено многу медали на големите натпреварувања.

Загреб на позицијата десно крило ги има уште Иван Чупиќ, Филип Главаш и Паоло Краљевиќ.