Поранешниот репрезентативец на Шведска, Ким Андерсон, не размислува за крај на својата богата кариера и го продолжи договорот со тимот на Иштад.
Андерсон, кој со скандинавската репрезентација освои сребро на Олимписките игри во Лондон (2012), со раководството на Иштад се договори на нова едногодишна соработка.
Искусниот ракометар иако има 41 година, сѐ уште игра во одлична форма, ланската сезона во Лигата на Европа постигна дури 68 погодоци.
Десниот бек својата кариера ја започна токму во Иштад, играше и за Савехоф, потоа направи интернационална кариера играјќи за Кил и Колдинг. Во редовите на „зебрите“ помина седум сезона.
Во својата татковина се врати во сезона 2015/16 кога потпиша за Иштад, иако во тој период имаше понуди од Веспрем и Алборг.