Лазаров нема да смета на еден од секстетот пивоти за балтичките пресметки!

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, нема да смета на еден од шесте кружни напаѓачи за последните две средби од квалификациите за ЕП 2026.

Против Литванија и Естонија нема да настапи Марко Стојковиќ, кој има повреда на ногата по дербито меѓу „сино-белите“ и Вардар. Лазаров не сака да ризикува со него, па и тој ќе ги прескокне средбите со балтичките противници.

Oд претходно од комбинација отпаднаа Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Цветан Кузманоски, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ…

Сепак на пивотменската позиција Лазаров ги има Пешевски, Лазаревски, Карасманакис, Маркоски и Аларов, па отсуството на Стојковиќ нема да биде проблем.

Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.