Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, е во ТОП 3 листата на стрелци по четири дена на Мундијалот.
Левиот бек досега постигна 19 погодоци, десет против Унгарија и девет против Холандија, па се наоѓа на делба на втората позиција со данскиот репрезентативец Матијас Гидсел.
Кузмановски има подобра реализација 19/26, додека Гидсел шутира со нешто послаб процент.
На првото место е холандскиот репрезентативец Рутгер Тен Велде, кој досега даде 20 погодоци, но девет од нив се пенали.
Кузмановски е трет во категоријата голови плус асистенции со 23. Таму прв е Гидсел со 29, па следуваше Германецот Усчинс со 26.