Кузмановски: Шампионски постапуваме на секој меч, имаме таков квалитет и ростер

Еурофарм Пелистер одигра два меча денеска во Охрид, на двата оствари победи и се пласираше на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Избраниците на Бранко Ангеловски го совладаа Куманово со 40-24, а потоа и домаќинот Охрид со 32-25.

Капитенот на шампионот, Филип Кузмановски, вели дека на секој натпревар неговиот тим оди на победа и тој и соиграчите играат шампионски.

„Кога дојдов во Битола кажав ние атакуваме на сите трофеи и на секој натпревар сме фаворити, бидејќи го имаме тој квалитет и ростер. Го подобруваме пристапот кон натпреварите, формата оди во нагорна линија и мислам дека претстојниот период е најважен за нас бидејќи имаме тешки гостувања во Скопје. Шампионски постапуваме на секој меч, така треба да размислуваме, затоа лани и бевме шампиони, на секој натпревар одиме на победа. Горд сум на момците, одигравме квалитетна одбрана, иако малку во грч во првото полувреме. Во второто одигравме одлично, треба да поправиме уште некои работи, но им честитам на моите момци, стручниот штаб и навивачите што дојдоа да не бодрат. Нашата цел се знае која е“, вели Кузмановски.

За Еурофарм Пелистер претстои дуел на домашен терен против Струга од суперлигашкиот плеј-оф следниот викенд.

Еурофарм Пелистер со две победи во еден ден до Ф4 во Купот