Кузмановски: Ова е награда за сите натпревари досега во кои немавме среќа!

Капитенот на ракометната репрезентација Филип Кузмановски беше пресреќен по триумфот на Катар со 39-34.

Тој потенцираше дека е емотивен и дека ова е награда за досегашната одлична игра на екипата.

„Верував во момците! Ова е една награда голема за досегашните натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути за да дојдеме до победа. Ова е една голема награда за сите, за нас, за играчите што беа максимално пожртвувани, за цела Македонија и за нашите семејства. Горд сум на момците, во емоции сум, среќен сум, да се победи Катар. Имаме добро првенство, покажуваме како треба да се игра за Македонија и продолжуваме напред. Пред натпреварот со Катар кај дел од играчите се почувствува умор затоа што е долго ова првенство и малку сме потрошени, но собравме сила и се договоривме како тим ќе изгинеме во двата натпревари кои ни преостануваат. Победа над Катар е нешто што си го посакавме и на крај тоа и го остваривме“, заклучи капитенот.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Франција в сабота од 20:30 часот.