Кузманоски: Задоволен сум од прикажаното, тешко е да се игра во Охрид

Ракометарите на Бутел Скопје во натпревар од 8. коло од суперлигашкиот плеј-оф беа поразени на гостувањето во Охрид со 33:28.

И покрај поразот, тренерот на Бутел Скопје, Горан Кузманоски, е задоволен од прикажаното на неговите избраници.

,,Охрид секако беше фаворит, ние тука дојдовме со неколку повредени играчи, кои на денешниот дуел го дадоја својот максимум, некои беа болни, но јас сум задоволен од прикажаното на теренот. Тешко е да се игра на ваков терен во Охрид. Во првото полувреме малку попуштивме во одбраната, која ни беше јака страна во текот на целото првенство. Нашата цел беше остварена со пласманот во плеј-офот, се надеваме дека ќе завршиме во ТОП 6, но пред сѐ, морам да кажам дека Охрид е една квалитетна екипа која ќе цели кон првите две места”, изјави Кузманоски.

Следен предизвик за ракометарите на Бутел Скопје ќе биде гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Охрид по вторпат го доби Бутел за шести триумф во плеј-офот