Бразилскиот десен Гиљерме Да Силва Фернандес е првото од најавените четири засилувања од Јужна Америка за тимот на Куманово.
Станува збор за 30-годишен ракометар кој доаѓа од бразилската екипа Сао Каетано, но има и искуство во Европа.
Беше дел од тимот на Кастриоти од Косово, а кратко време настапуваше и за португалската екипа Аванка Артистик.
Куманово остана без десниот бек Каио Винисиус кој се пресели во тимот на Охрид, а наскоро ќе биде познато дали уште некој од актуелниот ростер ќе замине.
Кумановци ќе се борат за опстанок во Супер лигата, а за таа цел ќе донесат најмалку четворица интернационалци, слично како и лани кога играат во плеј-аутот.