По Вучко Мрвовиќ, кој е повратник во тимот, и Михајло Стевовиќ, тимот на Куманово договори уште едно засилување.
Станува збор за десниот бек Милош Благојевиќ, поранешен младински репрезентативец на Србија кој има 23 години.
Минатата полусезона беше дел од словенечката Добова, а настапите во Куманово ќе му бидат втор интернационален предизвик.
Тој ја започна кариерата во Смедерево, беше дел од Југовиќ Каќ, додека три сезони беше дел од Црвена Звезда пред да замине во Словенија.
Куманово ќе стартува со еден бод во разигрувањето за опстанок напролет и ќе има за цел да обезбеди учество во елитната конкуренција за сезоната 2024/25.